Полицијата изврши службен разговор со Н.Б. (22) од с. Луково, Струшко, постапувајќи по претходна пријава од И.Б. (71) од истотo село дека Н.Б. од ловечка пушка испукал неколку куршуми кон кучиња кои биле пред неговата куќа.
Од Н.Б. била одземена ловечката пушка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, објави МВР.