Студентите предлагаат решенија за отпадот – секој жител создава по 350 килограми годишно

Скопје, 17 април 2019 (МИА) – Постои ниска свест за природата и екологијата, потребни се повеќе кампањи за подигнување на свеста кај луѓето за да рециклираат, да се обезбедат соодветни места каде ќе можат да се обезбедат соодветни амбалажи, односно најразлични контејнери.

Ова се само дел од препораките кои денеска ги упатија студентите од Машинскиот факултет во Скопје. Тие презентираа решенија за ефикасно управување со отпадот во нашата држава, а работеа под менторство на професорот Даме Димитровски.

Димитровски рече дека со студентите индентифукувале оти постојат проблеми во животната средина кои ги загрижуваат граѓаните, особено во урбаните средини. Информира дека покрај загадувањето на воздухот и бучавата, со студентите кои работеле по предметот Енергија од отпад, зборувале за начини за справување со урбаниот комунален оптад и подобрување на практиките во нив. Според него, решенијата што ги нудат студентите се вистински по кои државата треба да постапува, а дополнително треба да им овозможат и подетални и подлабоки истражувања, како и поголема анализа на тековите на отпад.

Свои презентации имаа студентите Александар Белчовски, Јована Лозановска и Филип Николовски. Лозановска изјави дека најголем проблем во нашата држава е несоодветното третирање на отпадот, односно депонирањето.

– Потребно е да се зголеми степенот на рециклирање со што ќе се подобри здравјето на луѓето, односно ќе имаме подобра животна средина. Потребно е да се направи усовршување на системите за собирање, селекција и рециклирање на отпад бидејќи самите процеси на селекција, сортирање и рециклиарње на оптадот имаат големи бенефити кои се од еколошки, социјален и од економски аспект, рече Лозановска.

За согорувањето отпад на депонијата „Дрисла“, рече дека тоа е единствената регулирана депонија во моментов во државата и додаде оти не работи според поставените стандарди. Според неа, доколку би се инсталирал инсенератор со поголем капацитет за согорување тогаш би можеле да се загреат од вкупниот број домаќинства околу 6,5 отсто што изнесува околу девет и пол илјади домаќинства или половина од домаќинствата во Општина Аеродром.

Николовски предлага депониско третирање на отпадот со што, како што рече, ќе се уништат малите, диви депонии што најмногу ги има во руралните средини како резултат на неактивноста на комуналните претпријатија. Откако отпадот ќе биде доставен до овие депонии потребно е правилно да се третира за да се заштити околината. Додаде дека може да се добие и депониски гас кој понатаму може да се искористи за добивање различни видови на енергија.

Годишно во земјава се создаваат околу 700.000 тони отпад, односно секој човек создава по околу 350 килограми годишно. Деведесет проценти од ѓубрето завршува на дивите депонии, за кои се проценува дека ги има околу илјада во целата држава.Во вкупниот отпад дури 38.000 тони се пластика, а над 40.000 тони се стакло – цврст отпад за кој се потребни векови да се распадне. Дополнително, индустриските капацитети создаваат токсични отпадни води, кои често не се пренасочени кон пречистителна станица и ја загадуваат почвата и подземните води.

Јавната презентација се организира како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, финансирана од Британската амбасада во Скопје.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Македонија

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Read more

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Read more

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Read more
 

Вести

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Читај повеќе
  • play_arrow

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Читај повеќе