Фудбал

Суарес ќе ги пропушти претстојните два натпревара на Уругвај

4. октомври 2019 - 12:07 | МИА
Барселона, 4 октомври 2019 (МИА) – Напаѓачот на Барселона, Луис Суарес ќе ги пропушти двете контролни на Уругвај против Перу на 10 и 14 октомври.

Суарез има мала повреда и ќе остане во Барселона да се подготвува по индивидуална програма во базата на клубот.

Одлуката била усогласена помеѓу медицинските екипи на каталонскиот клуб и репрезентацијата на Уругвај.

Луис Суарес беше херојот за Барселона оваа недела на натпреварот во Лигата на шампионите против Интер, постигнувајќи ги двата гола во победата од 2:1.

Коментирај