Судскиот совет избра 25 судии

Судскиот совет избра 25 судии во повеќе судови во Македонија. Дел од судиите кои беа избрани за основните судови за првпат ќе седнат на судиските столчиња како кандидати кои ја поминале обуката на Академијата за судии и јавни обвинители, додека за во повисоките судови кандидатите биле избрани според потребните критериуми –  бодови и стаж како судии.

Најмногу кандидати беа пријавени за пет слободни места во Апелациониот суд во Скопје, односно 68 кандидати. Од потребните области, двајца судии се за во граѓанската област, еден судија за кривичната област и по еден судија за трговската област и за областа работни односи.

На денешната седница беа избрани и четворица судии од граѓанската област за Врховниот суд.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, вели дека при изборот на судии се раководеле строго од Законот за судови и од критериумите што треба да ги исполнуваат кандидатите, а не според нечија желба или припадност, како што обвинуваат многумина.

Тој додава дека Судскиот совет е независно тело на независната судска власт и најавата за избори не го спречува да врши избор на судии. Иако денеска беа избрани 25 судии, Караџовски вели дека процедурата за избор е сложена и дека повторно недостасуваат судии во повеќе судови.

„Со денешниот избор на судии надминат е балансот на испразнети судиски места кои треба да бидат пополнети. Ни остануваат уште мал број огласи, така што ќе се трудиме како Судски совет да немаме вакви обемни огласи кои ќе се одолжуваат и да немаме непотребни реакции во јавноста“, вели Караџовски.

Со нови судии беа пополнети и неколку места во основните судови во Скопје. 

реклама

Македонија

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Read more

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Read more

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Read more

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Read more
 

Вести

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе