Свечено врачени договорите за работа на 125 професионални војници

Велес, 7 август 2019 (МИА) – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска присуствуваше на свеченост во касарната во Велес на која им беа врачени договорите за работа на новопримените 125 професионални војници во Армијата на Република Северна Македонија.

На свеченоста присуствуваа заменик-министерот за одбрана Беким Максути, началникот на армискиот Генералштаб генерал Васко Ѓурчиновски, директорот на Генералштабот генерал Зоран Милевски, командантот на Здружената оперативна команда генерал Павле Арсоски и командантот на Командата за обука и доктрини полковник Љубенчо Петровски.

Обраќајќи се од свечената говорница, Шекеринска потенцира дека денот кога еден млад човек започнува со нова професија со негов избор е ден кога се упатуваат многу различни пораки и се посакува успех, резултати во работењето, голема упорност, трпеливост и трудољубивост.

– Јас ќе изберам денеска да ви кажам дека најголемата шанса за успех кога почнувате свој професионален развој во една професија, која навистина е тешка и одговорна, е да го сакате својот позив и својата професија и тоа да ве тера секогаш да бидете и подобри и секогаш поуспешни, им порача министерката Шекеринска на младите професионални војници.

Таа потсети дека тие поминаа темелен процес на тестирање и денеска се тука заедно со своите колеги како класа на 125 новопримени професионални војници во Армијата. Министерката нагласи дека тоа покажува оти војничката униформа, војничкиот живот, бдеењето над нашата земја, одржувањето на мирот и стабилноста и можноста да им се помогне на сите граѓани е токму професијата што тие вистински ја посакуваат, но и дека Армијата не може без нив.

– Таа ве избра да бидете дел од еден процес што успешно ќе ги заокружи стратешките приоритети на нашата земја. Од денеска влегувате во една организирана Армија која поседува и квалитет и знаење да продолжи да биде гарант на безбедноста на сите граѓани. Армија која поседува квалитет и знаење да биде дел од најмоќниот воено-политички сојуз во светот на денешнината. Како министерка за одбрана и претставник на Владата, заедно со првите луѓе на Генералштабот стоиме зад вас и ве подржуваме и правиме напори вашиот живот како војници да ја отсликува реалноста – тоа да биде Армија на држава што де факто е членка на НАТО, а вие сте еднакви со припадниците на најмоќните армии, нагласи Шекеринска.

Таа потсети дека дел од нивните колеги како професионални војници се на обука во САД и Велика Британија, дел од старешините се на високи школи во Турција, Италија, Бугарија и Германија, дел се на вежби во Црна Гора, Германија и Словенија, а некои се дел од нашите мисии во Авганистан, Босна и Херцеговина и Либан.

Шекеринска на војниците им вети дека Министерството за одбрана ќе направи сѐ што е во негова моќ „отворените врати кон светот да бидат што поотворени“, а како полноправна членка на НАТО „нашата видливост уште повеќе да се зголеми“.

Таа најави дека во втората половина од 2019 година фокусот на Министерството е на набавка на борбени возила и на заштитна опрема за сите војници.

Шекеринска информира дека по овие 125, до крајот на годинава кон Армијата ќе се приклучат уште дополнителни 125 професионални војници, со што ќе има подмладување на армискиот состав, додавајќи дека и во наредните години ќе продолжи ангажирањето на нови професионални војници.

Според неа, ќе продолжи и зголемувањето на средствата за Армијата сѐ до исполнување на целта – два процента од бруто домашниот производ да одат за потребите на безбедноста на земјата. Таа воедно потсети дека платите во Армијата на почетокот на минатата година пораснале за 10 проценти и најави дека од септември тие ќе бидат дополнително заголемени за уште пет отсто.

Шекеринска информира дека континуирано се врши исплата на дневници за дополнителната работа, а со новите измени во Законите за служба и за одбрана се предвидени дополнителни можности за подобри услови и за војниците и за офицерите во Армијата.

Во изјава за медиумите по свеченоста, Шекеринска потенцира дека Министерството две години по ред обезбедило поголеми буџети, зголемување на платите и прием на нови припадници во Армијата.

– Фокусот сега ни е на подобрување на одредени законски решенија. Се надевам дека ќе влезат во собраниска процедура на крајот на август или на почетокот на септември. Втората фаза на приоритетните проекти е модернизација и по 16 години Армијата доби нови инженериски машини, кои се важни и за Армијата и за граѓаните, изјави Шекеринска, додавајќи дека Армијата сега може да интервенира во интерес на државата и граѓаните не само со силата на војската, туку и со механизација.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Read more

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Read more

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Read more

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more
 

Вести

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе