Сведочеше новинарката која тврди дека Трамп ја силувал во 1996: Ми беше срам

Поранешната колумнистка и новинарка Е. Џин Керол сведочеше пред судот во случајот во кој го тужеше Трамп за малтретирање и клевета.

Таа тврди дека тој ја силувал во стоковна куќа на Менхетен во средината на 90-тите. Керол го тужеше Трамп минатата година, откако новиот закон во Њујорк дозволи да се покренат случаи за сексуален напад по истекување на застареноста на делото.

Керол го тужи Трамп за малтретирање и клевета, тврдејќи дека тој ја силувал во соблекувална во луксузната стоковна куќа Bergdorf Goodman во пролетта 1996 година, а потоа ја наклеветил години подоцна кога таа излезе во јавноста со обвинувањата. Трамп постојано ги негираше нејзините обвинувања.

„Лажеше и ми го уништи угледот“

„Тука сум затоа што Доналд Трамп ме силуваше, а кога пишував за тоа, тој рече дека тоа не се случило. Лажеше и ми го уништи угледот, а јас сум тука да се обидам да си го вратам животот“, сведочеше Керол на суд, пренесува CNN.

Керол се присети колку била возбудена што купувала со Трамп, мислејќи дека ќе биде одлична приказна да им ја раскаже на пријателите.

„Сакам да давам совети, а Доналд Трамп ме праша за совет за купување подароци“, изјави Керол за тоа што мисли тогаш, додавајќи дека воопшто не се плаши од Трамп, кој бил пријателски настроен и многу смешен.

„Бев шармирана“

„Бев апсолутно шармирана“, рече Керол, опишувајќи како се шегувале додека шетале низ продавницата. Таа призна дека веројатно цело време флертувала со Трамп, но не мислела дека тоа ќе доведе до нешто интимно.

Во еден момент отишле во одделот за долна облека, Керол рече дека ситуацијата ескалирала додека се шегувале. Таму Трамп ѝ рекол да проба проѕирно сиво боди, на што, како што тврди таа, потоа му рекла дека би било подобро тој да го проба.

Таа понатаму опишува дека немала намера да го проба бодито, туку дека го следела до соблекувалната мислејќи дека тоа би можело да биде смешно.

„Не ми падна на памет дека нешто може да се случи. Таа врата од која влегов ме мачи со години. Како само поминав низ неа без размислување“, рекла таа.

Потоа опиша како Трамп наводно ја турнал до ѕидот и и покрај нејзиниот отпор, ѝ ставил прсти, а потоа и пенисот во неа. Таа рече дека почувствувала болка во вагината и во главата.

Според CNN, Керол била многу емотивна на суд и направила долга пауза кога нејзиниот адвокат ја прашал што направила откако Трамп пенетрирал во неа.

„Кога ќе ме прашате што направив во тој момент, секогаш помислувам зошто воопшто се ставив себеси во таква ситуација. Но, горда сум што можам да кажам дека излегов, го кренав коленото и го турнав“, изјави Керол низ солзи, додавајќи дека нападот на Трамп траел само неколку минути и дека адреналинот не ѝ дозволил да се исплаши.

„Ова ќе звучи чудно: премногу се исплашив да размислувам дали се плашам или не, треснав со нозете. Само размислував како да излезам од таа соба“, рече таа.

„После тоа сè се промени, знам дека луѓето минуваат низ полоши работи, но поради тоа не можам да имам повторно романтичен живот. Бев многу потресена, не знаев која сум, не можев да верувам дека ова се случило, не можев да верувам дека тоа ми се случи мене“, повтори таа.

„Се плашев од Доналд Трамп“

Керол им кажала на две пријателки за силувањето. Лиса Бирнбах и рекла дека треба да пријави сè во полиција, но на крајот тие се согласиле никогаш повеќе да не зборуваат за тоа и таа се засрамила од се што се случило.

„Флертував со него, мислев дека сето тоа е смешно и дека ќе имам одлична приказна, а потоа се случи силувањето“, рекла таа.

Таа ѝ кажала на својата пријателка Керол Мартин што се случило. Таа ѝ рекла никогаш да не зборува за тоа бидејќи Трамп и неговиот правен тим ќе ја закопаат.

„Се плашев од Доналд Трамп. Мислев дека ќе ми возврати и се срамев. Мислев дека тоа е моја вина“, изјави Керол на суд.

Нејзиниот адвокат, Мајкл Ферара, праша зошто таа не излезе во јавноста со своите наводи кога Трамп првпат се кандидираше за претседател.

„Забележав дека колку повеќе жени се јавуваа да го обвинат, толку подобро тој поминуваше на анкетите“, рече таа.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе