Грчкиот претседател Каролос Папуљас, на покана на претседателот на Србија Борис Тадиќ од денеска до 4 јули ќе престојува во официјална посета на Белград, соопшти амбасадата на Грција во Белград.

Претседателот Папуљас денеска во Палатата на Србија ќе го прими претседателот Тадиќ, а по раговорите ќе дадат изјави за медиумите.
Папуљас утре со премиерот на Србија Мирко Цветковиќ ќе го следат отворањето на Српско-грчкиот бизнис форум на кој ќе говори министерот за трговија и услуги на Србија Слободан Милосављевиќ и заменик-министерот за надворешни работи на Грција Милтијадис Варвициотис.
Во рамки на форумот ќе биде потпишан договор за надгледување проекти на регионалната мрежа на оптички влакна „SEElight“, наведува грчката амбасдада во Србија.
Папуљас ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Србија Славица Ѓукиќ Дејановиќ.
Грчкиот претседател утре свечено ќе го отвотри Хеленскиот фонд за култура во Белград, а потоа ќе приреди прием во чест на претседателот на Србија, се додава во соопштението.