На дневен ред на пленарната седница на Европскиот парламент која почнува денеска во Стразбур, е и дебатата за даноците и рамноправноста меѓу мажите и жените во ЕУ.
Оваа недела е од голема важноста за Европската унија бидејќи ќе стапи на должност новата Европска комисија, а ќе биде одржан и првиот самит на шефови на држави и влади на Унијата под претсеадвање на претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.
Претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо по повеќемесечно одлагање официјално ќе го претстави својот нов тим комесари пред ЕП.
Парламентот в вторник ќе се изјасни за тоа дали сите кандидати за комесари заслужуваат челни места во ЕК.
В среда европратениците ќе разгледаат и во која мера Хрватска, Турција и Македонија напредувале во реформите кои ги водат кон Унијата.
Шефовите на држави или влади на ЕУ в четврток на вонреден самит во Брисел ќе се обидат да се договорат за итни мерки како Европа да се извлече од економските неприлики и особено да се совлада невработеноста која и понатаму расте.
Со рабоатата на самитот ќе раководи Ромпуј кој го свика тој состанок со барање за темелна расправа за европската економија која е погодена од рецесија.
Друга тема е како Европа може да ја убеди САД, Кина и другите светски партнери да направат клучни потези за сузбивање на загадувањето на планетата што предизвикува менување на климата.