Предноста на опозицискиот лидер Виктор Јанукович на вчера оддржаните претседателски избори во Украина изнесува 2,74 отсто пред премиерот Јулија Тимошенко при преброени 87,3 отсто од гласовите, соопштија светските агенции, повикувајќи се на Централната изборна комисија.
За Јанукович гласале 48,54 отсто, а за Тимошенко 45,80 проценти од избирачите.
Синоќа резутатите од излезните анкети на агенцијата „Рисрч енд брендинг груп“ покажуваа дека Виктор Јанукович победи на вториот круг претседателски избори во Украина со 50,26 отсто од гласовите, наспроти 44,2 проценти за Јулија Тимошенко.