Нека не ве прелаже нежниот изглед на руската боксерка Светлана Кулакова, таа може многу брзо и лесно да ве нокаутира, без никакви проблеми.
36-годишната Кулакова е светски шампион во лесна категорија, зад себе има импресивни 13 победи од 14 борби. Нејзиниот Instagram профил е преполн со фотографии и видеа во кои ги покажува наградите и титулите, ги прикажува тренинзите и нејзиниот семеен живот.
Кулакова е многу посветена на семејниот живот и на обврските кон сопругот и ќеркичката.