„Светлината во нашите вени“ – нова поетска книга од Стефан Марковски

Во издание на Современост – Скопје, деновиве беше објавена „Светлината во нашите вени“, нова поетска збирка на Стефан Марковски.

Стихозбирката на 100 страници содржи вкупно 39 песни распоредени во шест циклуси: Светлината во нашите вени, Пријател со времето, Пребирливоста на стихот, Машински метаморфози, Политикологија на дишењето и Бакнежност.

За збирката, македонскиот поет и книжевен критичар Санде Стојчевски, меѓу другото, подвлекува:

„...Именките се преобразуваат во глаголи и преземаат трескавично дејство (есента започнува да есенува), бакнежот од себе истиснува именка-двојник и укажува на состојба (бакнежност), обичните лексеми си ги наслушнуваат еуфемиските блискости и ги премостуваат огромните семантички растојанија што ги разделуваат, па пилите и липите, во реалноста намовнати од конфликтност, овде ги гледаме во творителна пермутациска лирска прегратка (пили, липи). Пребирливост на стихот, војување со перото. Технé.

Освен ваквиот максимален учинок што се извлекува и од семантичката и од еуфониската кондиција на зборовите, на синтагмите и на посложените реченички споеви, во најновите песни ма Марковски има удвојување на волуменот кој опфаќа најмалку две сфери, реалната и метафизичката. На тој начин се проектира една соновна длабочина, една огледалност, сопоставување на конкретното и апстрактното, на предметот и на неговиот одблесок. Гледајте каква слика, каква сугестија, колкаво ефектно креативно решение на еден конфликт, на една нарогушена стварност во свирепата организација на светот ни нуди оваа поезија. Една воинствена состојба, една потенцијална агресија на пилите врз липите, се присмирува, се притајува, се оддалечува преку нивното повлекување во еден нереален, маѓосен предел, во одразот на огледалото. Таму нив сонето огледало ги двои. Од една страна поетската атмосфера двата субјекта ги доведува во прегратка и на тој начин ги обединува, но истовремено низ одразот на огледалото (но внимавајте, тоа исто така е повлечено од реалноста во психолошките области, значи одразот е удвоен), ги двои. Овде нашиот поет како да се потсетува, како да нè потсетува на оние илуминантни стихови од народната лирика во кои заслепително одблеснува бајковитиот свет на девојката чие огледало коњот го откопува с’ десна нога.

Така е во поезијата, така е со поезијата драги читатели! Таа отсекогаш така работела, така нè пренесувала од с’клетната приземна реалност во прочистените духовни сфери.

Вистинската, побудена поезија.“

Дизајнот на корица е на Александар Митрикески, а уредничка на изданието е Снежана Стојчевска.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе