Светот во 2020: Односите помеѓу Иран и САД затегнати до точка на пукање

Марина Илиевска / МИА
/ 27.12.2020 / 15:05

Почетокот на 2021 година и инагурацијата на новиот америкаснки претседател Џо Бајден за иранските власти претставува нова надеж за подобрување на односите помеѓу Техеран и Вашингтон.

Изминатите две години се оценети како најлош период во односите меѓу САД и Иран од Исламската револуција во 1979 година, инициран од повлекувањето на САД од Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма. Повеќе децениското непријателство на почетокот од годината кулминираше со атентатот врз иранскиот генерал Касем Солејмани во Багдад.

Иран и САД годинава најмалку двапати беа на раб од војна, што лесно можеше да го дестабилизира и така сензитивниот регион. САД ја искористија секоја прилика да воведат дополнителни санкции кон Иран, дури и во време на пандемијата со COVID-19, а  Иран продолжи со провокации.

Иран не се откажува од нуклеарната и балистичката програма

Иран и покрај санкциите и ембаргото за оружје продолжи да работи на нуклеарната и балистичката програма. Во април Иран го лансира и првиот воен сателит „Нур“, што ќе кружи на 425 километри над Земјата.

Само два месеци подоцна иранските власти соопштија дека изградиле подземни „ракетни градови“ по должината на бреговите на Персискиот Залив и Оманскиот Залив.

Додека во август Иран претстави претстави балистичка ракета земја-земја, како и нова крстосувачка ракета, игнорирајќи ги барањата на САД да ја запре својата балистичка програма.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) два месеца по повлекувањето на Иран од Договорот соопшти дека земјата тројно ги зголеми резервите на збогатен ураниум. Како и  дека се идентификувани три локации на кои е можно Иран да  складира непријавен нуклеарен материјал или на кои се извршуваат нуклеарни активности, што не се пријавени кај меѓународните набљудувачи.

Во неодамна објавен извештај МААЕ тврди дека Иран до 2 ноември има акумулирано 2.442 килограми ниско збогатен ураниум, наспроти 2.105 килограми во извештајот од 25 август. Според нуклеарниот договор од 2015 година на Иран му е дозволено да складира најмногу 202,8 килограми ураниум.

МААЕ потврди и дека  Иран почнал со изградба на подземна централа за нуклеарна центрифуга, по експлозијата во јули во нуклеарната централа Натанз, за која официјален Техеран тврдеше дека е саботажа. Сателитските снимки покажуваат и дека Иран гради дополнителен објект во нуклеарната централа Фордо.

Иран во септември покрена и тужба против САД пред Меѓународниот суд на правдата поради американските санкции тврдејќи дека уништуваат милиони животи. Рохани тогаш наведе дека Иран загубил приходи од 150 милијарди долари откако САД се повлекоа од Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма. Извозот на сурова нафта, од кој земјата е во голема мера зависна, е помал за 10 отсто во споредба со мај 2018 година.

Ѕвечкање на оружјето

По убиството на иранскиот генерал Солејмани во Багдад, Иран експресно возврати и ги рекетираше ирачките воени базите Ал Асад и Ербил каде се стационирани американски војници. Техеран побара и да се повлечат околу 65.000 американските војници распоредени во и околу Блиски Исток. Иран се закани дека ќе ги нападне сите американски цели во регионот, како и Израел и Дубаи.

Американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека со убиството на Солејмани не сакал да предизвика туку да ја запре војната, како и оти по елиминацијата на иранскиот генерал регионот е побезбеден.

Тензиите и заканите продолжуваат во април во Персиски Залив кога ирански бродови пресретнаа американски бродови. Трамп издава наредба се да пука врз ирански бродови, а Техеран најави жесток одговор.

Односите повторно се нарушени во предизборниот период во САД, кога Вашингтон го обвинува и Техеран дека се меша во изборите.

По извештаите за зголемено производство на ураниум од страна на Иран, Трамп планира напад врз Иран. Според американските медиуми Трамп на 12 ноември бил одвратен од напад на подземна фабрика за збогатување ураниум во иранскиот град Натанз. Иран веднаш соопшти дека жестоко ќе одговори на нападот од САД.

Оптимистички очекувања од Бајден

Со инагуарицијата на Џо Бајден се очекува да се смени политиката на „максимален притисок“ врз Иран спроведена преку санкциите и изолацијата на земјата со создавање на нови сојузници на Блискиот Исток со непријателите на Техеран.

За „затоплување“ на односите во 2021 година потребно е САД и Иран да се вратат на почитувањето на Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, што беше потпишан во 2015 година во Виена од страна на САД, Иран, Кина, Русија, Франција, Обединето Кралство и Германија.

Претседателот на Иран и шефот на дипломатијата, Хасан Рохани и Мохамед Џавад Зариф повеќе пати изјавија дека се надеваат дека САД ќе се вратат на обврските од меѓународниот нуклеарен договор, од кој се повлекоа во 2018 година, а Иран истото го направи во јануари 2020 година.

Рохани и Зариф најавија дека Техеран е подготвен повторно да ги почитува преземените обврски, ако истото го направат и САД.

И новоизбраниот претседател Џо Бајден во интервју за The New York Times на почетокот од месецот изјави дека сака брзи нови преговори со Иран, но со консултации со сојузниците на САД по повторното придружување на Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.

– Најдобар начин за да се постигне извесна стабилност во регионот е разгледување на иранската нуклеарна програма. Ако Иран има атомска бомба, тогаш во Блискиот Исток би настанала трка за нуклеарно вооружување, а тоа е последна работа што е потребна во тој дел од светот, посочи Бајден за The New York Times.

Тој најави дека покрај консултациите со земјите-потписнички на Договорот ќе разговара и со земјите ривали на Иран – Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати.

„Реанимацијата“ на Договорот од 2015 година ќе значи и укинување на санкциите кон Иран, што земајта, заедно со пандемијата ја доведоа до економски колапс.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе