Светска здравствена организација: Се прават многу непотребни царски резови

Светската здравствена организација (СЗО) објави 26 нови препораки за родилките во кои особено предупредува на сѐ поголемиот број медицински интервенции, како царски рез, што не се секогаш неопходни.

Родилките треба повеќе да соработуваат во донесувањето на одлуките во врска со породувањето и потребно е да се намали бројот на медицински интервенции за време на породувањето.

„Во последните 20 години имаме сѐ повеќе медицински интервенции што се непотребни за родилките“, вели Олуфеми Оладапо од Канцеларијата за репродуктивно здравје и истражување при СЗО.

„Во неколку светски региони станаа широко распространети зафати како царски рез или користење окситоцин за да се забрза породувањето“, додаде тој, алудирајќи на синтетизираниот облик на природниот хормон што во некои делови од светот се дава рутински на родилките интравенозно за да се провоцираат контракции, да се забрза породувањето и да се избегнат компликации.

СЗО објави дека досегашните истражувања укажуваат дека процентот на породувања извршени со царски рез од 10 до 15% не води до паѓање на стапката на смртност кај мајките или децата.

„Во средно развиените земји како Турција, кина, земјите во Латинска Америка и во Иран има висока стапка на царски резови, честопати без медицинска потреба“, вели Метин Ѓулмезоглу од СЗО.

Оладапо нагласи дека жените треба да имаат слобода да избираат во каква положба ќе се породуваат и да им бидат обезбедени лекови против болки.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе