Светски берзи: Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

Повеќето азиски берзи забележаа пад на цените на акциите денес, како што направија на Волстрит претходниот ден, додека кинеските берзански индекси силно се зголемија откако вчера се лизнаа на најниското ниво во последните пет години.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, порасна за 0,8 отсто околу 7 часот, неутрализирајќи го вчерашниот пад од 0,7 отсто. Утрово на токиската берза индексот Nikkei падна за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја се лизнаа меѓу 0,5 и 0,8 отсто. Во Хонгконг и Шангај скокнаа за повеќе од 3 отсто.

Откако вчера индексите на кинеските берзи паднаа на ново ниско ниво во последните пет години, утрово на пазарот влегоа државните инвестициски фондови, а регулаторите најавија дека ќе им овозможат на институционалните инвеститори да инвестираат повеќе во акции и ќе воведат стимулативни мерки за компаниите да можат да откупат повеќе од нивните акции на пазарот.

Останува да видиме до кога тоа ќе ги поддржува пазарите кои се под притисок од бавниот раст на кинеската економија и стравувањата од продлабочување на кризата на пазарот на недвижности.

На другите берзи во регионот цените на акциите паднаа, меѓу другото, поради неочекуваната порака од австралиската централна банка дека процесот на зголемување на каматните стапки можеби се уште не е завршен. На денешната седница, челниците на австралиската централна банка очекувано ги оставија каматните стапки непроменети, но порачаа дека поради високата инфлација не е исклучено каматните стапки да треба дополнително да се зголемуваат.

Ова е причината зошто повеќето берзи го следат вчерашниот пад на Волстрит. Dow Jones загуби 0,71 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,32 отсто, а Nasdaq индексот загуби 0,20 отсто.

А на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути не е далеку од највисоките нивоа во повеќе од два месеци.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,38 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,18 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута е стабилен околу 148,60 јени, колку што беше и вчера во овој момент.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0750 долари, додека вчера во ова време беше 1,0775 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,22 отсто, на 78,15 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,21 отсто, на 72,95 долари.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе