Германецот Рајнер Цитлов и неговиот тим поставија нов светски рекорд со патувањето од крајниот исток на Азија до најзападната точка на Европа, пат што го поминаа за само 6 дена, 9 часа и 38 минути.
Рутата долга 15.200 километри се простира од источниот крај на Русија, па се до западот на Португалија, а поминува низ седум држави: Русија, Белорусија, Полска, Германија, Франција, Шпанија и Португалија. Патот за рекордно време го поминале со Volkswagen Touareg кој бил опремен со Goodyear пневматици.
Патувањето почнало во градот Магадан во Русија, а завршило во Лисабон во Португалија. Досегашниот рекорд за овој пат од 15.200 километри бил 8 дена и 12 часа.
Патувањето освен за екипата, било голем предизвик и за автомобилот, поради тешкиот терен и проблематичните временски услови, како и злогласниот дел од 3.000 километри низ Русија кој се вози по неасфалтиран каллив пат.