Светските челници му одаваат почест на починатиот Кастро, други го нарекуваат „тиранин“

Светските челници денеска му одаваат почест на Фидел Кастро, починатиот кубански револуционерен водач кој во непосредното соседство на САД изгради комунистичка држава, а тој и по смртта предизвикува поделени мислења и критичарите го нарекуваат „тиранин“.

Фидел Кастро почина во петокот на 90-годишна возраст, објави неговиот помал брат кој пред десетина години го наследи на должноста претседател на Куба, Раул Кастро на државната телевизија.

Михаил Горбачев, последниот челник на поранешниот комунистички Советски сојуз кој долго политички и економски ја помагаше Куба, изјави во саботата дека Фидел Кастро остави трајна трага и во својата земја и во светската историја. „Фидел беше цврст и ја зајакна својата држава во времето на најгрубата американска блокада и во времето на големиот притисок врз него. И покрај тоа ја извлече својата земја од блокадата на патот на самоодржлив и независен развој“, стои во писмената изјава на Горбачев, која ја пренесе агенцијата РИА.

Рускиот претседател Владимир Путин во телеграмата со сочувство до Раул Кастро напиша дека неговиот брат Фидел бил „инспиративен пример за многу држави“. „Фидел Кастро беше искрен, искусен и вистински пријател на Русија“, објави Кремљ.

Николас Мадуро, претседателот на Венецуела, долгогодишна сојузничка на Куба и голем противник на политиките на САД во Латинска Америка, истакна дека Фидел Кастро инспирирал, како и дека ќе продолжи да ја инспирира неговата земја. „Ќе продолжиме да победуваме и ќе продолжиме да се бориме. Фидел Кастро е пример за борба за сите луѓе на светот. Одиме напред со неговата оставина“, истакна Мадуро во изјавата за телевизијата Telesur.

„Великанот нé напушти. Фидел почина. Да живее Куба! Да живее Латинска Америка!“, изјави претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа.

Јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума му се заблагодари на починатиот кубански челник за неговата помош и поддршката во борбата против апартхејдот. „Претседателот Кастро ја поддржа нашата борба против апартхејдот. Го инспирираше кубанскиот народ да ни се придружи во таа борба“, соопшти Зума.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изрази жалење поради губењето на една голема личност на светската сцена, но го подржува приближувањето меѓу Хавана и Вашингтон започнато од минатата 2015 година и изразува загриженост поради наводните кршења на човековите права кои се случиле за време на владеењето на Фидел Кастро.

„фидел Кастро е голема личност на XX век. Ја отелотвори кубанската револуција во нејзините надежи, но и дополнителните разочарувања… Франција, којашто ги осуди кршењето на човековите права на Куба, еднакво се бореше против американското ембарго против Куба, и беше задоволна кога виде дека двете држави повторно воспоставуваат дијалог и ги отвораат меѓусебните односи“, го цитира AFP соопштението Оланд кој со Кастро се сретна во мај 2015 година, што беше првата посета на некој француски челник на Куба од кубанската деценија пред околу осум децении.

Истовремено дел од Кубанците кои живеат во САД ја слават смртта на Фидел Кастро. Илиана Роз-Лехтинен, американска претставничка во Конгресот од кубанско потекло, соопшти дека „тиранинот е мртво“, како и дека сега може да започне „новиот почеток за последниот комунистички бастиона на западната хемисфера“, пренесува Reuters.

Во Мајами, во областите каде што живеат голем број Кубанци кои побегнале од револуцијата, жителите во раните утрински часови излегоа на улиците за да прославата смртта на Фидел Кастро. Стотици луѓе се собрале со знамиња, удирајќи во садови и носејќи чадори поради силниот дожд“. „Ова е најсреќниот ден во мојот живот, Кубанците конечно се слободни“, рекла за агенцијата 84-годишната Орлинда Монтељс.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе