СЗО соопшти црн рекорд: 212.326 новозаразени во еден ден

Светската здравствена организација соопшти дека во последните 24 часа во светот се регистрирани нови 212.326 случаи на коронавирус, што е рекордно дневно зголемување на бројот на нови случаи.

Најголем дневен скок, според бројот на заразени лица, имаат САД, Бразил и Индија, пренесуваат британските медиуми.

Претходниот црн рекорд, според бројот на инфицирани на дневна основа – 189.077, беше регистриран на 28 јуни.

Секој ден од COVID-19 во светот умираат околу 5.000 лица.

Повеќе од 11 милиони лица ширум светот се заразени од вирусот од почетокот на епидемијата, а повеќе од половина милион веќе умреа.

Бразил во пикот на епидемијата веќе 50 дена е без министер за здравство

Бразил веќе 50 дена е без официјален министер за здравство, додека во земјата се регистрирани повеќе од 1,5 милиони случаи на коронавирус.

Оваа функција привремено ја извршува генералот Едуардо Пачуело, кој нема никакво претходно медицинско искуство, бидејќи последниот министер за здравство, Нелсон Теих, поднесе оставка на 15 мај.

Теих, кој на функцијата мина помалку од еден месец, се повлече по критиките од претседателот Жаир Болсонаро дека е „премногу плашлив да ја отвори економијата и дека се залага за употреба на лекот хлорокин“. Тој, меѓутоа, не ја изнесе вистинската причина за оставката, а неговиот претходник Луиз Мандету беше отпуштен од Болсонаро, потсетува CNN.

Болсонаро, кој често пати им се спротивставува на насоките за социјално дистанцирање, препорачани од повеќето здравствени експерти, и за вирусот вели дека е „мал грип“, е под постојана и сериозна критика за намалување на сериозноста на епидемијата.

Под привремената команда на генералот Пачуело, повеќе од 20 стратешки позиции во Министерството за здравство се зазамени од воени лица. Најголемата критика против него, сепак, дојде кога по наредба на Болсонаро и желбата да се намалат негативните последици од големиот број смртни случаи, го смени форматот на презентација на податоците. По силен домашен и меѓународен притисок, Врховниот федерален суд донесе одлука податоците да мора да бидат објавени како што се правеше претходно.

Со повеќе од 1,5 милиони потврдени случаи и најмалку 63.144 смртни случаи, Бразил се наоѓа на второто место во светот, зад САД.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе