Тајна архитектура: Како јапонските пагоди им одолеваат на земјотресите?

Традиционалните јапонски пагоди, за разлика од многубројните згради и куќи, од година во година им пркосат на честите земјотреси и остануваат „цврсто на земја“. Како е тоа можно? Во што се крие нивната тајна?

Со години никој не можеше да разбере како во Јапонија, сезимолошки една од најактивните земји во светот, модерните згради исчезнуваа од лицето на земјата под нејзините потреси додека традиционалните пагоди остануваа недопрени. Записите покажуваат дека во измнинатите 1400 години само две вакви градби се срушиле при земјотрес.

Пагодите претставуваат индиски, кинески, корејски и јапонски култни градби од камен или дрво. Тоа се будистички храмови налик на кули, обично со кружна основа. Пагодата Тоџи (東寺) со своите 41 метар е највисока во светот. Изградена е околу 400 година и преживеала голем број силни земјотреси и бури. Катастрофалниот Ханшин земјотрес кој ја погоди Јапонија во 1995 година однесе околу 6.400 животи, сруши автопати, згради и опустоши град. Сепак, величествените пет ката на пагодата Тоџи останаа.

Модерните истражувања се бавеа со дизајнот на пагодите и се обидуваа да ја откријат нивната тајна. Тие се, пред сѐ, многу флексибилни структури, а дрвените споеви и носачи што се наоѓаат во нивната внатрешност не се цврсто прицврстени еден за друг. Сепак, научниците тврдат дека централниот столб во пагодите е клучната причина зошто овие згради им  се спротивставуваат на бројните земјотреси.

Јапонските научници го набљудувале начинот на кој пагодите се нишаат при земјотрес и увиделе дека се поместуваат во воздухот како змија што лази. Пагодите обично имаат пет ката, меѓутоа, секој кат има способност да се поместува независно од останатите.

Кога јапонската градежна индустрија се почувствувала доволно самоуверена за таков потфат, во 1968 година била изградена деловната зграда Касумигасеки, кој имала носачи налик на оние што ги имаат пагодите. Зградата и денес се наоѓа во центарот на Токио, има 36 спрата и се смета за ремек-дело.

Зградата Касумигасеки
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Архитектура

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Read more

Тоне еден од најголемите градови во светот

Read more

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more
 

Магазин

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе