Останати спортови

Танцувањето на шипка конечно стана официјален спорт

16. октомври 2017 - 19:33 | К.З.

По 11 години борба, Кејти Коутс се избори за танцувањето на шипка денеска и официјално да биде преставен како спорт.

Откако се избори за признавање на танцувањето на шипка како официјален спорт, 41-годишната претседателка на Интернационалната федерација за танцување на шипка вели дека нејзината борба не е завршена, и дека следната цел е настап на Олимписките игри.

„Танцувањето е многу повеќе од она што луѓето мислат дека е. Морате да го гледате за да видите што тоа навистина ни значи на нас. Почнавме со натпреварување како аматери, и дочекавме тоа да стане професионален спорт“, изјави Коутс.

Нејзината борба за да се официјализира постоењето на танцувањето на шипка како спорт почна во 2006 година, и таа оттогаш собра 10.000 потписи на петицијата со која сакаше да докаже дека танцувањето е уметност и бара вештина исто како и кај секој друг спорт.

„Смисливме систем на бодување, правила на натпреварување, анти-допинг систем и сето она што е потребно за еден спорт да биде професионален“, додаде таа.

Коментирај