Татко и син пресретнале тетовец и го тепале со метални прачки, заканувајќи му се со одземање на неговиот живот и на членовите на неговото семејство.
Во 12.30 часот во ПС Тетово, Љ.А. (52) од Мала Речица, тетовско, пријавил дека истиот ден околу 9.30 часот во Тетово на ул.„Илинденска“, С.С. (52) и неговиот син С.Х. (23), двајцата од Мала Речица, физички го нападнале.
Напаѓачите го удирале со тупаници во пределот на главата и телото, а во еден момент С.С. со метална шипка го удрил во пределот на левата страна од лицето нанесувајќи му видлива повреда.
Истите му упатиле и закани по живот на него и неговото семејство, по што побегнале од местото.
Причина за настанот, по кажување на Љ.А., е тоа што С.С. и С.Х. во изминатиот период без никаков основ му барале парични средства, а тој не им дал, по што пред околу два месеци физички го нападнале. Овој случај Љ.А. го пријавил во полиција.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.