Теарце прави разлика во распределбата на мандатите

По Одлуката на Управниот суд да прифати една тужба со која се поништува гласањето на избирачкото место 2011 во Теарце во ИЕ 6, Државната изборна комисија треба да направи симулација дали прегласувањето ќе влијае на вкупните резултати од изборите на 11 декември, а според објавените податоци разликата во гласови во ИЕ 6 меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 307, што значи дека прегласувањето во ова избирачко место може да донесе промени во распределбата на мандатите.

Според роковникот на ДИК, гласањето ќе се повтори само ако вкупниот број на запишани избирачи на тоа избирачко место на ниво на Изборна единица влијае на вкупните резултати. Доколку има влијание, прегласувањето ќе се повтори 14 дена по денот на изборите, односно на 25 декември.

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО­ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда ­ Трет блок.

Во Изборната единица 6 според првичните резултати на ДИК, најмногу гласови 40.599 освои ДУИ, потоа следи ВМРО­ДПМНЕ со 26.135, СДСМ со 25.828, Беса со 25.054, Алијанса за Албанците 17.970, ДПА 16.225, ВМРО за Македонија 919 и Коалицијата за промени и правда ­ Трет блок 239.

Во Изборната единица 6 разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 307 гласови предност за ВМРО-ДПМНЕ, па прегласувањето на ова избирачко место може да донесе пресврт во бројот на освоени пратенички мандати.

Според добиените гласови, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО­ДПМНЕ 4, Беса 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците и ДПА 2.

Управниот суд на Република Македонија, во вторник, ги уважи тужбата на СДСМ за поништување на гласањето на гласачкото место 2011 во Теарце и тужбата на ВМРО­ДПМНЕ против одлуката на ДИК да се поништи гласањето на избирачкото место 0396/1 во Гостивар.

Како неосновани, Управниот суд одби три тужби на СДСМ против решенијата на ДИК, а кои се однесуваат за избирачките место 2010 и 2025 во општина Теарце, и за избирачко место 1978 во општина Тетово, сите во Шестата изборна единица. Со тие одлуки на Управниот суд се потврдија решенијата на Државната изборна комисија.

Сепак останува неизвесно, како ќе се одвиваат работите понатаму, ако се знае дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, рече дека нема да учествуваат во евентуално прегласување, и нема да ги признаат резултатите од него.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more
 

Вести

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе