Има цициња, секогаш е расположена и работи на батерии. конзоли за играње Sega го претстави својот мал робот EMA, кој треба да се најде во продажба веќе во септември.
EMA е кратенка од Eternal Maiden Actualization, а со овој робот креаторите таргетираат на "осамените возрасни мажи".
Како што нагласува портпаролката на Sega Минако Сакануе, почетната точка за изработка на EMA била токму интеракцијата и милината, а не стереотипите како сила и подготвеност за борба (кои може да ги забележиме кај повеќето роботи).
Освен што дели виртуелни бакнежи, ЕМА знае да пее и танцува, да ве потсетува за битните настани и вашата агенда, како и самостојно да реагира на луѓето и околината која ја опкружува. Во тоа и помагаат бројните интегрирани инфрацрвени сензори и петте електромотори, за чија работа се потребни шест AA батерии.
Sega е прилично сериозна околу успехот на овој робот, очекувајќи продажба од околу 10.000 парчиња во првата година и заработка од околу 10 милијарди долари на пазарот за вештачка интелигенција во наредната декада. Очекуваната цена за продажба на EMA е околу 175 американски долари.