Наука

Од паметен телефон до паметен велосипед

6. август 2010 - 16:54 |

Американската канцеларија за патенти (PTO) го објави одобрението на најновиот патент на Apple. Се работи за апликација наречена “Smart Bicycle System“ која ќе користи iPod или iPhone за да на велосипедистот му прати корисни податоци, пишува AppleInsider.

За системот да функционира ќе бидат потребно вградување на дополнителни сензори на велосипедот, чии информации на соодветен начин ќе се прикажуваат на уредите на Apple.

Со оваа метода на сопствениците на “паметни“ велосипеди ќе им биде овозможено мерење на брзината на возење, должината на возењето, интервали помеѓу возења, надморската височина, брзината на ветерот и низа други податоци.

Слични производи (компјутери за велосипед) веќе постојат, но користењето на iPod или iPhone може да го намали трошокот, потребата за сложени додатоци и да го олесни подесувањето. Уште една предност би била можноста за делење на регистрираните информации со други велосипедисти. Патем, изумителите велат дека теоретски овој концепт би можел да биде искористен и за други возила и средства за транспорт.

Барањето за овој патент Apple го поднел уште на почетокот на 2009., а неговите детали можете да ги погледнете овде.

И.Е. | Кајгана

 

Коментирај