По речиси шест месеци отсуство, првиот човек на Apple се враќа на своето старо работно место, со нов пресаден црн дроб.

Педесет и четири годишниот Џобс се уште се опоравува од операцијата за пресадување на црниот дроб направена во болницата во Мемфис, поради што дел од работните обврски ќе ги извршува од својот дом.
„Особено мило ни е што можеме да го објавиме враќањето на Стив Џобс. Моментално, неколку денови од неделата тој ќе работи од дома“, изјави портпаролот на компанијата Стив Даунинг.
Да се потсетиме, во јануари оваа година Џобс привремено отстапи од својата позиција во компанијата од здравствени причини. Неговите фотографии од тој период откриваат дека Џобс изгуби прилично килограми, а во Apple како причини тогаш ги наведуваа хормоналните пореметувања.