За да ја купиш коцката, треба да имаш прилично многу пари. За да ја ракуваш, треба да си интелигентен. Колку овие две категории се комплементарни т.е. дали се исплатува производството на вакво нешто, проценете сами...

Да се разбереме: она што го гледате на сликата е алуминиумска коцка. Коцката на средина содржи USB стик со 16 гигабајти меморија. За да го користите USB-то, треба да ја расклопите коцката, а за да ја склопите, мора правилно да ги составите сите делови од десната страна на сликата. Или ќе имате неуредно USB :)
Името на коцката е Мнемосима - име извлечено од грчката митологија кое го носела божицата на меморијата. Креаторите на оваа скапа играчка имале план да ја направат коцката место за најинтимните и најважните податоци на корисникот, па и затоа пристапот кон меморијата е отежнат со логичката загатка.
Сепак, колку и фино и интересно да изгледа - 7.400 евра за овие 16 гигабајти се премногу и за некој подлабок џеб.