Музика
Милионче дневно

Тејлор Свифт е на пат да заработи 365 милиони долари годинава

20. октомври 2015 - 11:12 | И.М.

Не е тајна дека музичката ѕвезда Тејлор Свифт заработува многу пари - заедно со момчето Калвин Харис се најдоа на врвот на листата на Forbes за познат пар со најголема заработувачка во светот, надминувајќи имиња како Џеј Зи и Бијонсе и други. Финансиските анализи велат дека Свифт е на пат да стане уште побогата.

Нејзиниот албум „1989“ е продаден во над 5 милиони копии, а годинава само имаше 85 настапи. Свифт исто така има големи договори со брендови како Diet Coke, Keds и Sony, пренесува Business Insider.

Финансиските анализи велат дека сето ова се пресметува во заработувачка од 317,8 милиони долари, од јануари годинава. А ако продолжи вака, експертите велат дека таа ќе ја заокружи годината со заработувачка од 365 милиони долари - што просечно се пресметува како заработка од еден милион долари дневно.

Коментирај