Филм & ТВ

„Tell Me Who I Am“, возбудлив документарец за близнак со изгубено помнење и голема семејна тајна

9. октомври 2019 - 15:20 | А.С.

Нема ништо попривлечно од документарец спакуван како добра филмска мистерија.

А Netfllix многу добро знае како да го направи тоа. Стриминг платформата го објави првиот трејлер за „Tell Me Who I Am“, документарец што е на работ на игран филм и ветува дека ќе биде многу коментиран.

Документарниот филм е во режија на Ед Перкинс, кој беше номиниран за Оскар за краток документарен филм во 2018 година за „Black Sheep“. Ова е прв долгометражен документарец за него, а според трејлерот, има „холивудски шмек“.

Алекс Луис ќе падне во кома после тешка несреќа на 18 години. Кога ќе се разбуди, станува јасно дека го има изгубено помнењето. Се сеќава само на неговиот брат близнак Маркус кој е единственито кој може да му објасни кој е.

Но зад идиличната слика што ја добива Алекс од раскажаните спомени, се крие трауматична семејна тајна со која близнаците мора да се соочат заедно децении подоцна.

„Tell Me Who I Am“ влезе во официјалните селекции на Филмскиот фестивал Телјурајд 2019, Лондонскиот филмски фестивал и Меѓународниот филмски фестивал во Хемптонс.

Документарецот ќе биде достапен на Netflix од 18 октомври.

Коментирај