Темелко треба да се јавува во Суд, за другите осомничени нема информација

По целодневен распит во Основниот суд 1, судијата на претходна постапка донесе решение градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко еднаш неделно да се јавува во судот во Ресен, како еден од осомничените во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности.

Оваа информација официјално ја потврдуваат од Основниот суд 1, но засега нема информации дали е одреден притвор за останатите осомничени во овој случај.

Во Основниот суд Скопје 1 ноќеска, освен Темелко се појави и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој давал исказ пред судија на претходна постапка како еден од првоосомничените за изборните измами.

По распитот, утрово околу 3.30 часот Јанакиески со своите адвокати заминале со приватно возило и не дале никаква изјава за медиумите кои го чекаа исходот од постапката.

Исто како и Јанакиески и Темелко го напуштил судот со приватно возила.

Дел од медиумите веќе јавуваат дека Судот ги отфрлил предлозите за притвор на Специјалното јавно обвинителство за сите осум лица, осомничени за случајот за изборни манипулации.

Во судот ноќеска медиумите не ја забележаа поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која според информациите од Специјалното обвинителство ја впрегнала целокупната, и човечка и техничка инфраструктура за да го состави избирачкиот список по волја на интересите на партијата од која доаѓа.

Не беше забележан ниту секретарот на Владата, Кирил Божиновски.

Освен за овие тројца високи функционери од ВМРО - ДПМНЕ и градоначалникот на Пустец, Темелко, Специјалното обвинителство побара притвор и за уште четири други лица.

„Титаник“ е прв случај кој го отвори Специјалното обвинителство, според кое осомничените направиле целосна криминализација на изборниот процес, со незаконско издавање лични карти и вметнување во избирачкиот список на лица кои по никој основ не смеат да бидат.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе