Температури до 30°C, попладне со услови за локален дожд

Времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи, особено во јужните делови на земјава.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 13, а  дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Продолжува периодот на топло време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Во петок и во сабота на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд.

Екстремно топло, со потпросечни врнежи во октомври

Екстремно топло со потпросечни врнежи се карактеризира времето во втората половина од октомври.

Од УХМР наведуваат дека според измерените вредности за среднодневната темпрература на воздухот првата декада од октомври се категоризира како вообичаена, но што се однесува на втората декада, земајќи предвид и прогнозираните температури до крајот на втората декада, се категоризира како екстремно топла, освен на западниот планински дел и се очекува да го надмине многугодишниот просек од три до пет степени.

Рекордните вредности на максималната температура на воздухот на повеќето метеоролошки станици во октомври не ги надминуваат многугодишните апсолутни вредности.

Највисоката температура во октомври годинава е измерена во Гевгелија од 32,6 степени, додека максималната измерена досега на ова мерно место е 35,4 степени. Максимално измерените темпратури во периодот од 1951 до 2018 година за октомври се 34,5 степени во Демир Капија, Штип 34,1, Скопје 33,6, Струмица 32,2, Прилеп 32,3, Битола 31,8, Крива Паланка 31,3, Охрид 28,9, Берово 31,5, Маврово 27,3 и Лазарополе 27,4 Целзиусови степени.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе