Тенис: И судии местеле мечеви

Скандалот со местење на тениски натпревари рапидно се шири, а најновите информации откриваат и вмешаност на судии. Како што дознава Guardian, двајца меѓународни судии тајно биле суспендирани, додека четворица поради корупција биле доживотно суспендирани.

Судии од Казахстан, Турција и Украина се меѓу обвинетите за примање поткуп од обложувачката мафија, во замена за манипулирање со резултатите на ITF фјучерс турнирите. Ова им овозможувало на обложувачите да ставаат уплати на мечеви, на кој однапред се знаел победникот.

Според истиот извор, судијата од Казахстан Кирил Парфенов, во февруари добил доживотна суспензија бидејќи на Facebook контактирал друг судија и му понудил да намести меч.

Сепак и покрај големината на скандалот, ITF не ги објавил овие информации во јавноста, само известил мал број на директори на турнири и на национални федерации.

ITF молчи и за случајот со Денис Питнер, судија од Хрватска, кој во август минатата година добил едногодишна суспензија, бидејќи се обложувал на тениски мечеви.

Меѓународната тениска федерација не ја известила јавноста дека против четворица функционери е поднесена пријава поради корупција, туку тоа го сторила кога информациите протекле во јавноста.

Истрагата на Guardian само на дополнително ниво ја крена загриженоста околу местењето на мечевите во тенисот, а исто така откри и дека ITF воопшто не е транспарентна. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Read more

Сабаленка елиминирана, го скрши рекетот и замина без поздрав

Read more

Сабаленка откри дека раскинала со Колцов пред да се самоубие: Срцето ми е скршено

Read more

Сабаленка на терен 72 часа по смртта на момчето и веднаш против најдобрата другарка

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе