Тенис
ДЕЈВИС КУП АТИНА 2019 ТРЕТА ГРУПА

Тенисерите денеска на поправен против Латвија

12. септември 2019 - 9:52 | Ф.З.

Откако синоќа загубија од Естонија на отворањето на Дејвис купот, денес нашите репрезентативци се пред императив победа против репрезентацијата на Латвија.

Со убедливи 3:0 нашата тениска репрезентација загуби во првото коло вчера од Естонија. Противникот важеше за фаворит и поразот е очекуван, но затоа пак денес против Латвија очекувањата се поинакви.

Македонија вчера не освои ниту еден сет против Естонците. Димитар Грабул со 6-2 и 6-4 беше поразен од Кенет Раисма, Горазд Србљак загуби 7-5 и 6-1 од Јирген Цоп, а во натпреварот во двојки Лука Љубен Андонов и Берк Бугариќ загубија од Раисма и Цоп со 6-0 и 6-2.

Нашиот денешен противник синоќа исто така со 3:0 ја преслуша Црна Гора. Прв денес ќе игра Димитар Грабул против Роберт Стромбахс од 11 часот, потоа Горазд Србљак против Мартинс Поџус, а на крај во двојки Грабул и Србљак ќе водат битка против близнаците Јанис и Мартинс Поџус.

Коментирај