Тепачка на украински пратеници
Пратениците во Украинскиот праламент се познати по својот темперамент, а овој пат парламентарците Александар Вилкул и Владимир Парасјук се степаа пред новинарите во една телевизија.
Инцидентот се случил по снимањето на телевизиската емисија „Вечерна програма“ во текот на која парламентарците не може да се сложат околу причините за тешката состојба во државата.
Владимир Парасјук по емисијата го сочека својот противник, а во тепачката мораше да интервенира и обезбедувањето. Според него, Вилкул е агент на Кремљ кој ја донел војната во Украина.
„Вилкул треба да се ликвидира и да се депортира за од него да не остане ни трага“ - изјави Парасјук.