Неготино, 5 декември 2019 (МИА) – Тепачка се случила доцна синоќа во Неготино, а физички напад рано изутринава во Кавадарци, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Синоќа околу 22:30 часот во Неготино на улица „Ацо Аџи – Илов“ бил нарушен јавниот ред и мир со викање и тепачка меѓу лицата И.А.(42) и М.В.(42), двајцата од Неготино, поради недоразбирање за паркинг место. По документирање на случајот против лицата ке биде поднесена соодветна пријава, соопшти Додевски.
Утрово, пак, во 4:10 часот во Полициската станица Кавадарци, М.Д.(31) од Кавадарци пријавил дека околу 3:50 часот на улица „Цано Поп – Ристов“ бил физички нападнат од сограѓанинот Б.Ч.(27).
– По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Додевски.