Свет

Терористот од Нов Зеланд го извршил нападот сам, немал помагачи

17. март 2019 - 10:51 | А.С.

Полицијата на Нов Зеланд соопшти дека според досегашните сознанија, терористот Брентот Тарант (28) кој ги изврши терористичките напади врз две џамии во Крајстчерч во кои загинаа 50 луѓе, а уште 50 се повредени, делувал сам, без помагачи.

Тарант го пренесуваше во живо преку Facebook неговиот напад врз џамиите.

Полицискиот комесар Мајк Буш изјави дека трите лица кои биле приведени по нападот најверојатно не биле вклучени во инцидентот.

Многу од повредените во нападот се задржани во болница со тешки прострелни рани, а четиригодишното девојче што е тешко повредено уште се наоѓа во критична состојба.

Тарант вчера прв пат се појави пред суд. Останува во притвор без можност за кауција, а пред судот треба повторно да се појави на 5 април. Засега против него е поднесено обвининие за убиство, а наскоро се очекува обвинението да биде проширено.

Facebook избриша 1,5 милиони снимки од нападите

Компанијата Facebook во првите 24 часа по нападот врз двете џамии на Нов Зеланд отстрани 1,5 милиони снимки од тој грозоморен чин.

„Во првите 24 часа отстранивме 1,5 милиони снимки од нападот, од кои над 1,2 милиони беа блокирани во текот на нивното поставување“, соопшти Facebook.

Коментирај