Вчера попладне околу 17.30 часот на улица „Видое Смилевски – Бато“ во Тетово патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(34) од Тетово, удрило во шестгодишно девојче од Тетово.
Од ударот, девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во тетовската клиничка болница.
Извршен е увид на местото на настанот.