Авто новости

Tesla ќе работи 24/7 за да произведе доволно Model 3 автомобили

18. април 2018 - 9:21 | К.З.

Фабриката на Tesla во Калифорнија ќе работи 24/7 во напор да го зголеми производството на автомобилите Model 3 на 6.000 автомобили неделно до јуни оваа година.

Во долг e-mail испратен вчера до компанијата Tesla, Елон Маск предложи неколку измени во процесот на производството и работното време, кое се очекува да биде продолжено за уште една додатна смена со која фабричкиот погон ќе работи во текот на целиот ден.

„Оваа измена би требало да нѐ донесе до бројката од 4.000 автомобили произведени неделно до крајот на следниот месец“, напиша Маск.

Потоа, во мај компанијата ќе направи уште неколку измени во процесот на работа на фабричкиот погон и ќе го зголеми капацитетот на производство на околу 6.000 автомобили Model 3 до последната недела од јуни. Tesla се мачи со производството на Model 3 и досега работи без профит, а тоа во голем дел се должи на тоа што не може да произведе онолку возила колку што бара пазарот.

Една од најголемите измени во производниот процес на компанијата е отворањето на нови работни места кои би требало да ги пополнат луѓе кои ќе работат во дополнително закажаните смени во фабриките Фримонт и Gigafactory.

„Препорачајте го секого кој мислите дека може да помогне на процесот на производство со неговиот талент, желба и доверба. Во двете фабрики наредните неколку недели ќе бидат најмени околу 400 нови работници“, додаде Елон Маск.

Маск исто така најави дека компанијата ќе направи измени во внатрешните трошоци и со тоа ќе ги израмни сметките, па се надева дека до крајот на оваа календарска година Tesla конечно ќе почне да забележува профит, за првпат откако е основана компанијата.

Коментирај