Автомобилите на Tesla Motors се опремени со разни сензори кои му овозможуваат автономно возење, но и можат да го спасат во ситуација што возачот не може да ја види или предвиди.
На видеото што денеска е актуелно, се гледа како автомобилот дава предупредување и почнува да кочи една секунда пред автомобилите пред него да предизвикаат сообраќајка.
Сепак во ситуацијата не станува збор за вистинско предвидување, туку за технологија која го следи сообраќајот два автомобили понапред. Ако системот забележи дека првиот автомобил сопира и пресмета дека возачот ќе нема време да го сопре автомобилот, самиот почнува да ја намалува брзината.
Во секој случај, вистински делува неверојатно како системот го забележува сопирањето на автомобилот и почнува да кочи пред да биде предоцна.