Tesla се продава подобро од Jaguar, полека го стигнува Porsche

Во почетокот на оваа година Tesla имаше големи проблеми со производството на Model 3, но кога успеа да го стабилизира тоа продажбата на автомобилите на оваа компанија почна да ги надминува бројките на традиционалните производители на автомобили.

Според податоците кои ги објави авто-индустрискиот аналитичар Матијас Шмит, американскиот производител на луксузни електрични возила, Tesla, во првите девет месеци од 2018 година успеал да продаде вкупно 154.200 возила. Во оваа бројка спаѓаат возила од моделите Model S, Model X и Model 3.

Во истиот период од оваа година, британскиот производител Jaguar им испорача на купувачите 136.000 возила. Вреди и да напоменеме дека понудата на Jaguar е многу поголема од онаа на Tesla – дури 7 модели, од кои еден (I-Pace) е електричен автомобил.

Кога веќе зад себе ја остави оваа британска компанија, Tesla сега се доближува до еден од светските автомобилски гиганти кој произведува модели со конвенционални мотори – Porsche. Произведувачот од Штутгарт во периодот од јануари до септември 2018 година продаде 196.000 автомобили, а Шмит проценува дека Tesla веќе во 2019 година ќе го претекне Porsche по бројот на испорачани возила во една година.

Tesla веќе успеа да продаде повеќе возила од Porsche во третиот квартал од оваа година (јули-септември). Имено, во ова тромесечие продажбата на Tesla достигна 83.500 единици, додека Porsche испорача 66.000 автомобили. Во истиот тој период Jaguar продаде само 41.900 возила.

За ваквиот резултат од продажбата најголема заслуга има Model 3, кој во овој период се продаде во 55.800 единици.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Авто новости

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Read more

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more
 

Автомобили

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе