Тетовец во четвртокот бил нападнат, испрскан со спреј, прободен со нож и удиран со беjзбол палка.
Инцидентот се случил во четвртокот околу 11:20 часот во Тетово на улицата „Маршал Тито“. Четириесет и деветгодишниот жител на тетовското село Слатино започнал расправија со двајца браќа од Тетово и уште едно непознато лице.
Едниот од браќата му прснал спреј за онеспособување во пределот на лицето, другиот брат го прободел со нож во пределот на левата страна од телото, а непознатото лице со беjзбол палка го удрил во пределот на главата.
Повредениот бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово од каде што поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.