Tinder Select e тајна верзија на Tinder за познати личности, модели и милионери, а до таму се доаѓа само со покана.
Неодамна е откриено дека популарната аплиакција за пронаоѓање на партнери има и тајна верзија наречена Tinder Select која е наменета за ВИП корисници, за да можат во мир да си бираат партнери еднакви на нив, далеку од „широките маси”.
Tinder никогаш јавно не говореше за Tinder Select, но оваа верзија постои најверојатно последниве шест месеци.
Како се влегува во него?
Доколку мора да прашате, веројатно немате шанси да влезете. Постојат само два начини до Tinder Select: едниот е преку Tinder покана или преку постоечки член на кој му е дозволено да номинира други.