Том Брејди повторно во Супербоул, овојпат против Рамс

Уште еднаш, како многупати претходно, Том Брејди покажа зошто е познат како најдобриот квотербек во историјата на американскиот фудбал. И не само тоа, туку и најголемиот победник во спортот. Тој синоќа го предводеше тимот на Њу Ингланд Патриорс до нов Супербоул, деветти за него и десетти за тимот.

Пред почетокот на натпреварот, многумина се сомневаа во моќта на Патриотс, кои во текот на сезоната имаа многу проблеми со темпирањето на формата. Но, Том Брејди ги замолкна сите и со победа во продолжението од 37:31 му донесе нов пласман во Супербоулот на тимот од Њу Ингланд.

Тимот на Кансас Сити Чифс се покажа како тежок противник за Патриотс. Иако Брејди и дружината изгледаа како да ја имаат контролата во текот на целиот меч, сепак им беше потребно продолжение за да ја обезбедат победата. Младиот квотербек на Чифс, Патрик Махоумс, беше на пат да стане ѕвездата на вечерта, но сепак на патот му стоеше големиот Том Брејди, кој му ја скрати радоста.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

W

A post shared by Tom Brady (@tombrady) on

А во Супербоулот ќе ги пречека тимот на Лос Анџелес Рамс, кој претходно стигна до победа од 26:23 над Њу Орлеанс Сејнтс, исто така преку продолжение. Колку и да е голема предноста на Патриотс поради тоа што го имаат Брејди во своите редови, сепак обложувалниците им ја даваат предноста на Сејнтс.

Само како потсетување, 53-от Супербоул е закажан за 4 февруари и ќе започне 00:30 по македонско време.

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе