Филм & ТВ

Том Круз е пренизок и престар за улогата на Џек Ричер

27. ноември 2019 - 20:49 | Б.С.Б.

Авторот на книгите за агентот Џек Ричер, Ли Чајлд, повторно прозбори за темата поврзана со Том Круз и за тоа што актерот по два филма во кои го глумеше овој лик, сепак нема да заигра во претстојната серија.

Минатата година писателот потврди дека Круз сепак не одговара, бидејќи е пренизок за Ричер. Постојат дури 23 романи за Џек Ричер и во секој од нив е подвлечено дека е висок 195 сантиметри. Круз е висок 170 сантиметри. Кога првично беше објавено дека тој ќе ја толкува улогата, обожавателите реагираа бурно.

Круз не обрна внимание на критиките и сними два филма, во 2012 година и во 2016 година.

Чајлд за BBC  во 2018 година изјави дека уживал во соработката со Круз, но сепак читателите имаат право. Тој и претходно го опиша неговиот лик како крупен човек од чија големина на луѓето треба да им е непријатно.

Сега, повторно го спомна Круз во интервју за The Sunday Times во кое истакна дека 57-годишниот Круз е премногу стар за да глуми во акциони филмови.

Том Круз во 2020 година ќе го гледаме во „Top Gun: Maverik“.

Коментирај