Тони Михајловски е добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 година

Актерот Тони Михајловски е добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 година.

Тони Михајловски (претстава Бегалка 2019); Извор: Википедија

Одлуката ја донесе жири комисијата сосатвена од актерите Слободанка Чичевска, Фаик Мефаилоски и Благојчо Стојанов.

Наградата ќе биде врачена во рамки на фестивалот на комедија „5ре“ кој ќе се одржи од 20 до 31 март.

„Михајловски над три децении е дел од македонскиот театар, филм и култура. Преку остварените ликови на сцената на МНТ и на други театри и ликовите пред филмската камера се испишува и голем дел на историјата на театарот и филмот кај нас. Посветеноста, автентичноста и препознатливоста на Михајловски говорат за неговиот широк актерски распон и придонес на сцената, а истовремено и за секоја нова претстава/филм/серија. Тој е еден од најпопуларните и најталентирани актери во македонското глумиште. Со огромен одглас и вон нашата земја. За тоа сведочат ликовите во 27 претстави на сцената на МНТ и на други сцени, 46 ликови во филмови и ТВ серии во македонска и балканска продукција, како и 3 режии. Не помалку се важни и неговите успешни реализации и работа во ТВ проекти и емисии, и како текстописец на бројни песни за голем број на пејачи и групи“, објавија на социјалните мрежи од неговиот матичен театар МНТ.

Театарскиот фестивал на комедија се одржува по трет пат во организација на Здружение Плус публика. Градоначалникот Марко Колев истакна дека Општина Велес вложува сериозни финансиски средства во културата.

„Општина Велес досега финансирала голем број на културни настани кои траат со децениии но и оние кои сме ги формирале од пред три години. Овој театарски фестивал посветен на великанот Петре Прличко, општината го финансира со 800.000 денари. Се надевам дека љубителите на театарската комедија ќе имаат можност да проследат интересни и квалитетни театарски претстави“, рече Колев.

Во рамки на фестивалот на комедија ќе се одиграат шест претстави. Манифестацијата започнува со претставата на велешкиот театар „Вечера за глупаци“ во режија на Ненад Витанов, потоа следуваат претставите „Чудна случка со кучето во ноќта“, „Мој термин“ во изведба на МНТ, „Црвенкапа“ на Театар за деца и младинци, „Секс и лаги“ во изведба на кумановскиот театар, „Женидба“ на Народен театар Штип и стенд ап комедија на Сашко Коцев.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе

Грција воведува шестдневна работна недела

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе