Топ 10 лажни вести во 2019 година

Изминатата година беше обележана со бројни лажни вести, кои со брзина на светлината се проширија во светот.

RSE ги одбра десетте лажни вести кои ја обележаа 2019 година.

1. Наводното мешање на Украина во изборите во САД

Оваа теорија протече директно од Белата куќа. Американскиот претседател Доналд Трамп годинава неколку пати рече дека Украина била вмешана во сајбер напади кои имале за цел да се влијае на претседателските избори во 2016 година и во кои беше нападнат сервер каде се наоѓаа документи на Демократската партија.

– Серверот велат дека го има Украина, изјави Трамп во јули во телефонскиот разговор со украинскиот колега Володомир Зеленски, според подоцна објавениот транскрипт.

Трамп и во ноември повтори дека ФБИ никогаш не го добиле тој сервер.

Трамп мислеше на CrowdStrike, фирма за сајбер безбедност која ги анализираше серверите, компромитирани во нападите во 2016. Компанијата е со седиште во Калифорнија, а не во Украина, и е во сопственост на натурализиран американски државјанин кој емигрирал од Русија. CrowdStrike“ исто така утврди дека сајбер нападите за време на изборите дошле од Русија, а не од Украина.

2. Гласини за реедукација на Русите во Украина

Руска телевизиска станица инсинуира спектар потенцијални државни злосторства во Украина над цивили, што би се случиле на истокот на земјата кога Киев ќе ја преземе контролата над нив. На државната телевизија Росија1, водителнката ги предупреди гледачите на таен план за етничко и јазично чистење, наводно извлечен од документ на украинската Влада.

– Накусо, веднаш откако Киев ќе ја добие контролата на границата (со Русија), жителите на Донбас ќе бидат депортирани заради целосна украинизација. Многу едноставно: ако зборувате украински, останувате. Ако не, спакувајте ги куферите и во најдобар случај одете во Русија. Во најлош случај ќе има присилна депортација во Лавов заради повторно воспитување од страна на родољубите и Бандеровците (украински ултранационалисти), посочи водителката.

Но, сајтовите за проверка на фактите потврдија дека нема докази за такво нешто. Олексиј Данилов, секретар на Украинската безбедносна служба, рече дека таков документ не постои.

– Русија измислува лажни вести. Тешко е да се замисли нешто поглупаво, рече тој.

3. Лажниот блог на Роберт Трејси

Еден американски воен командант за украинските војници обучувани од Американците наводно рекол дека се мрзеливи и глупави.

Тој наводно рекол дека украинските војници се необразовани, алчни, корумпирани, дека одбиваат да научат англиски јазик и дека се пијани vo најголемиот дел од времето.

Факт е дека тие навреди всушност се напишани од неидентификуван трол.

Текстот е напишан како да е во прашање личен блог на потполковникот Роберт Трејси, командант на Заедничката мултинационална група за обука, стационирана во Јаворив. Текстот се прошири по украинските и руските сајтови пред да ги негира односната воена единица, по што инсистираше дека објавата е од некој кој лажно се претставил.

Блогот полн критики наскоро бил симнат од интернет, а портпаролот на украинската војска оцени дека поставувањето на лажниот блог било провокација, со цел да се нарушат односите меѓу САД и Украина.

4. Кампања на лажни вести против Грета Тунберг

Годинава, 16-годишната шведска активистка Грета Тунберг даде нов импулс на еколошките движења, зборуваше пред ОН, а Time ја прогласи за личност на годината. Истовремено, таа беше изложена на говор на омраза и збунувачка низа на лажни тврдења.

Според една теорија, Тунберг е измислен лик глумен од младата актерка Естела Рене. За неа беа објавени и лажни фотографии, па на една таа наводно позира со милитант од терористичката „Исламска држава“, а на друга со милијардерот Џорџ Сорос.

Една широко распространета фотографија, настаната во 1898 година, „докажа“ дека Грета е патник низ времето.

5. Русите (не) ја истражуваат врската меѓу НАТО бомбардирањето и ракот

Русија и Србија во септември потпишаа соработка за истражување и лекување на ракот. Но неколку српски таблоиди тврдеа дека всушност двете земји ги истражуваат здравствените ефекти од НАТО бомбардирањето во 1999 година во поранешна Југославија.

6. Мрморењето на Ненси Пелоси

Куса видео снимка од Ненси Пелоси, претседателка на американскиот Претставнички дом, во мај стана вирална, затоа што изгледаше дека таа мрмори неповрзани зборови. Дали била пијана? Под лекови? Болна? Се покажа – ништо од тоа.

Станува збор за снимка каде Пелоси нормално зборува, но некој ја забавил и го изменил звукот, па нејзиниот глас и движења изгледаа чудно.

7. Фотографијата „Воен злосторник“ – сцена од порно сајт

Во мај, пред гласањето во косовскиот Парламент за воени злосторства за кои се обвинети Срби, пратеничката Фљора Бровина на новинарите им покажа фотографија за која тврдеше дека покажува како српски војници силуваат Албанка.

Но, со пребарување на интернет е утврдено дека фотографијата всушност е сцена од порно филм, со сцена на силување за време на војната во Ирак. Бровина подоцна се извини и рече дека фотографијата ѝ ја дала некоја активистка.

8. Универзалните роботи на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ги прегледа „руските воени роботи“, дизајнирани од кадети во елитен воен интернат, беше наведено во извештај на руската државна новинска агенција РИА Новости. Видеото прикажува како претседателот се восхитува на „кадетскиот изум“. Но, како што пренесе независниот сајт Знак, роботите ниту биле руски, ниту направени од кадети.

Руски корисници на социјалните мрежи ги идентификуваа моделите како играчки направени во Јужна Кореја, достапни преку Amazon. Сајтот на ЕУ за борба против дезинформации напомена дека ова не е прва неточна приказна за роботи, поддржана од Кремљ.

9. Купување бебиња во Брисел

„Гејови од цел свет се собраа во Брисел за да присуствуваат на ’сточниот пазар’: за да си купат дете. Ако имате пари, децата ќе бидат на продажба“, се вели во сега избришаниот твит на НТВ, руска мрежа под контрола на државниот „Гаспром“.

Иако твитот, кој беше многу пати ретвитуван, сугерираше дека хомосексуални двојки ќе можат да си купат дете, всушност станува збор за настанат, кој имаше за цел поврзување на геј двојки со потенцијални сурогат мајки.

10. Практична геј едукација во Естонија

Во напад на ЛГБТ слободите, приватната Канал5 од Санкт Петербург извести дека Естонија е жртва на „општествена и морална окупација“, а дека Талин е „геј престолнина на Скандинавија“. Телевизијата оцени дека „ширењето на геј образованието во главниот град на Естонија веќе не може да се запре“. Телевизијата извести дека курсот за ЛГБТ историја на Универзитетот во Талин, подучува за геј проблемите, не само во теорија, туку и во пракса, сугерирајќи дека станува збор за сексуални активности.

Подоцна инструкторот на курсот рече дека постои компонента на пракса, но тоа подразбира интервјуирање на членови на ЛГБТ заедницата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Чек дис аут

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Read more

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе