НБА 2019/20

Топ 10 најдобри млади кошаркари во НБА

Во рангирањето на најдобрите кошаркари кои се дел од НБА клубовите влегуваат играчите под 23 години и кои имаат настапено на барем 1 натпревар во најквалитетната лига на светот. Само двајца Европјани се меѓу десетте најдобри.

10. Лаури Марканен (Финска) Чикаго Булс
Новата надеж на Чикаго доаѓа од снежната Финска. Роден 1997, има висина од 2 метра и 13 сантиметри, одлични предиспозиции за центар, а веќе трета сезона е дел од НБА.

9. Шеј Гилџес-Александер (Канада) Оклахома Сити Тандер
Канаѓанецот летово наполни 21 година и во просек постигнува 10,8 поени. Има уште да учи, а играњето крај Крис Пол и тоа како му оди во полза на младиот плејмејкер.

8. Лонзо Бол (САД) Њу Орлеанс Пеликанс
Со само 22 години Бол веќе доживеа едно разочарување откако не се снајде во Лејкерс. Сега кај Пеликанс треба да ја воскресне кариерата. Има талент за плејмејкер иако споредбите со Џејсон Кид беа претерани.

7. Џон Колинс (САД) Атланта Хокс
Тој е причината поради која Атланта верува дека има светла иднина. Само што наполни 22 години, а веќе зад себе има сезона со 19,5 поени во просек и 9,8 скока.

6. Брендон Инграм (САД) Њу Орлеанс Пеликанс
Уште еден млад играч (22 год.) од кој Лејкерс се откажа, а го прибраа Пеликанс. Покажа потенцијал во Лос Анџелес, но немаше доволно место за да експлодира, па тоа од него се очекува во Њу Орлеанс.

5. Треј Јанг (САД) Атланта Хокс
Лани ја одигра својата прва НБА сезона бележејќи просек од 19,1 поен на 81 натпревар. Пред еден месец наполни 21 година и јасно е зошто сонува еден ден да игра на Ол Стар натпревар.

4. Ди'Арон Фокс (САД) Сакраменто Кингс
Во декември ќе полни 22 години, а веќе освои една награда, онаа за Играч кој најмногу напредувал. Ја игра третата сезона во НБА, а се одликува со неуморното трчање на паркетот.

3. Џејсон Тејтум (САД) Бостон Селтикс
Веќе одигра две одлични сезони во НБА, а беше дел и од репрезентацијата на САД на Мундобаскетот во Кина. Тој е крилото околу кое Бред Стивенс сака да направи тим со кој Бостон ќе владее на Истокот.

2. Џамал Мареј (Канада) Денвер Нагетс
Денвер беше трпелив со него, виде потенцијал и полека, полека го калеше Јамајканецот кој од 9 години живее во Канада за која и настапува. Го викаат „Сина стрела“ бидејќи секогаш кога ќе постигне важен кош имитира лак и стрела.

1. Лука Дончиќ (Словенија) Далас Маверикс
Од Унион Олимпија преку Реал Мадрид стигна до американскиот сон. Уште како тинејџер освои сѐ во Европа, вклучувајќи го и ЕУРО 2017 со Словенија. Уште во првата сезона кај Далас оствари бројки претходно постигнати само од Леброн Џејмс, Мајкл Џордан и Оскар Робертсон. Очигледно дојде во Америка да им покаже дека во моментов Европа го има најдобриот млад кошаркар.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Кошарка

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Read more

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе