Торент од „Avengers: Endgame“ се појави на интернет, еден ден пред премиерата

Некои луѓе навистина не знаат како да уживаат во филмовите. Колку и да се бориме против пиратеријата, изгледа дека таа ќе нѐ прогонува сѐ додека постојат луѓе кои се решени дека ќе ги прекршат правилата. Еден таков гледач го аплоудираше целиот филм на пиратска веб-страница.

Еден ден пред светската премиера на „Avengers: Endgame“, филмот стана достапен на интернет благодарение на некој „хуман“ фан кој реши да го сними целиот филм во кинеска киносала, бидејќи Кина доби шанса да го гледа овој филмски спектакл еден ден порано од остатокот од светот.

TorrentFreak излезе со соопштение дека интернет корисниците во Кина почнале да преземаат снимка од тричасовниот филм „Avengers: Endgame“ уште од вчера, а од денеска истиот фајл почна да се шири и кај европските веб-страници за пиратски торенти.

Последното поглавје од филмската франшиза на Marvel вчера ја доживеа кинеската премиера, еден ден пред неговата светска премиера. И секако, во една од салите се најде посветен фан кој успеа да ги сними сите три часа од филмот и подоцна да ги прикачи на интернет.

Снимката, како што велат од TorrentFreak, е со прилично лош квалитет, ротирана и полна со текст и реклами кои повремено се појавуваат на екранот. Иако од Marvel објавија дека најстрого осудуваат внесување на камери и снимање со мобилни телефони на било кој од нивните филмови, сепак постојат гледачи кои решаваат да не ги послушаат овие совети.

Почнувајќи од денеска, „Avengers: Endgame“ се наоѓа на редовниот репертоар на скопските кина Милениум и Синеплекс.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Филм & ТВ

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе