Toyota AE86 и уште четири нови автомобили во последниот апдејт на „Gran Turismo Sport“
Популарната видеоигра на Sony, „Gran Turismo“ доби голем број фанови во изминатите 20 години од постоењето. Нејзината најнова верзија, наречена „Gran Turismo Sport“, пристигна на конзолата PS4 пред 18 месеци, а со новите апдејти постојано добиваме различни изненадувања и надградби.
Овојпат играта е освежена со неколку нови автомобили и патеки, за дополнително уживање на фановите. Исклучително важен додаток во новиот апдејт е Toyota Sprinter Trueno AE86, еден од фаворитите на автомобилските љубители на азискиот континент.
Покрај моделот на Toyota, со новиот апдејт се достапни и автомобилите Honda Fit Hybrid, Porsche 962C, Audi TT и Renault R8 Gordini.