Трагедија во Струмица, едно лице загина во пожар

Јагленосаниот труп на еден член од семејството во куќата која целосно изгоре синоќа во Струмица на улицата „Пиринска“ број 26 сведочи за големата трагедија од пожарот кој избувнал по 20 часот.

Соседите не можат да поверуват дека се случила трагедија и дека во пожарот загинал нивниот сосед А.Е. (63).

– Беше грозно, страшно. Голем оган избувна. Пламенот се гледаше од далеку, од кај училиштето „Маршал Тито“. Дојдоа пожарникарите и соседите со полевање вода го изгаснаа пожарот. Многу, многу страшно беше, изјави еден сосед.

Според информациите од ТППЕ Струмица, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело во куќата и засега се непознати причините за трагедијата.

– Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа 3 противпожарни возила и 9 пожарникари. Пожарот е ликвидиран за еден час, но за жал во него има загинато едно лице, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Трагичниот настан го потврдија и од СВР Струмица. Оттаму информираа дека синоќа во 20:54 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на А.Е. (63) на улица „Пиринска“ во Струмица, во која било пронајдено и едно починато лице.

Денеска околу 10 часот почна увидот од страна на јавен обвинител од ОЈО Струмица и инспектор за пожари. Повеќе информации најавуваат за подоцна откако ќе заврши увидот.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

Хроника

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Read more

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Read more

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Read more

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе