Трамп ги разгневи пожарникарите со теоријата за ужасот во Калифорнија

Додека пожарите во Калифорнија, во кои досега загинаа 31 лице, сѐ уште беснеат, американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter објави своја теорија за „вистинските“ виновници за најразорниот пожар во историјата на земјата.

Како што јави CNN, Трамп во саботата го навлече бесот на противпожарните служби со твит во кој напиша: „Нема друга причина за овие масивни, смртоносни и скапи шумски пожари во Калифорнија освен многу лошото управување со шумите. Милијарди долари се даваат секоја година, со толку загубени животи, а сѐ поради катастрофално лошото управување со шумите. Исправете го тоа сега или нема повеќе сојузни исплати!”

Вчера во нов твит ја повтори својата „дијагноза“, односно предлогот за решавање на проблемот: „Со правилно управување на шумите можеме да го запреме пустошењето кое постојано се случува во Калифорнија. Опаметете се!”

Во Калифорнија на власт се демократите, со кои Трамп редовно се расправа тврдејќи дека практично ќе ги упропастат САД ако дојдат на власт во Вашингтон.

Противпожарните началници го прозваа Трамп поради, како што тврдат, навредите на пожарникарите и вовлекувањето на политиката во оваа природна катастрофа.

– Неговите коментари се недолични и навредливи за сите пожарникари и луѓе кои се погодени од пожарите, рече Харолд Шајтбергер, претседател на здружението на пожарникари.

Претседателот на Професионалните пожарникари на Калифорнија исто така се огласи.

– Пораката на претседателот во која ја напаѓа Калифорнија и се заканува дека ќе ја укине помошта за катаклизмичните пожари е лошо информирана, пратена во непримерен момент и понижувачка за сите оние кои страдаат, како и за мажите и жените на фронтот. Според мое мислење, овој срамен напад на Калифорнија е напад врз сите храбри мажи и жени на фронтот, рече Брајан К. Рајс и додаде дека префрлањето на вината што го направи Трамп е „опасно погрешно“.

Трамп, сепак, отпосле, посвети еден твит и на пожарникарите, односно на „повеќе од 4.000 кои се борат против пожарите Кемп и Вусли во Калифорнија во кои изгореа повеќе од 170.000 хектари“.

– Нашите срца се со оние кои се борат против огнот, со 52.000 луѓе кои се евакуирани и со семејствата на оние кои починаа. Уништувањето е катастрофално. Господ нека ги благослови, напиша тој.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе