Свет

Трамп го посети ѕидот кон Мексико и се потпиша на него

19. септември 2019 - 20:38 | Б.С.Б.

Американскиот претседател Доналд Трамп се потпиша на новоизградениот дел на ѕидот на границата со Мексико, нарекувајќи го „најбезбеден систем од светска класа“.

Според Трамп, ѕидот ќе биде практично непробоен. Тој исто така го посети и градилиштето на граничниот ѕид во областа Сан Диего.

Пред да почне изградбата на ѕидот, границата во Сан Диего беше заштитена со слој од лим кој лесно се пробиваше, а потоа и со друг, посилен слој кој лесно можеше да биде пробиен.

„Ѕидот беше како лим и луѓето едноставно го рушеа“, изјави Трамп, зборувајќи за слојот кој беше заменет.

Досега се изградени 106 километри ѕид, а уште 403 километри се во  фаза на изградба, пренесува AP.

Коментирај